Поврзете се со нас

НБА

Вестбрук е позитивен на КОВИД-19, од карантин испрати порака (ФОТО)

Објавено

на

Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, Расел Вестбрук е заразен со коронавирусот.

Оваа информација ја обелодени самиот Вестбрук со што се разреши мисттеријата зашто тој заедно со тимот не допатува во Орландо каде ќе се доигра оваа сезона во НБА. Плејмејкерот дознал дека е позитивен пред Хјустон Рокетс да летне за Флорида, па сега е во карантин иако добро се чувствува.

-Ве молам сфатете го сериозно вирусот, бидете безбеди. Носете маски, -напиша Вестбрук во дел од пораката која ја објави на социјалните мрежи.

Останува да видиме каква е ситуацијата и со Џејмс Харден кој исто не допатува во Орландо, поточно дали има специфична причина за тоа како што е оваа на неговиот колега.

Кога Расел ќе добие негативен тест и се ќе биде во ред ќе може да му се приклучи на „ракетите“ кои важат за екипа која може да се бори за пехарот во НБА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни