Поврзете се со нас

Шпанија

Вест на денот: Тешко повредениот Диакаби се појави со голема насмевка на тренингот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/valenciacf

Муктар Диакаби претрпе една од најтешките и најнепријатни повреди видени на фудбалските терени, а првите проценки се дека стоперот на Валенсија ќе мора да направи пауза од најмалку една година.

Дефанзивецот од Гвинеја кој има и француски пасош го доби најголемиот удар во својата кариера, бидејќи на дерби пресметката против Реал коленото му се изврте до тој степен, што лекарскиот тим на Валенсија мораше да го враќа зглобот во првобитна состојба.

Ужасните глетки беа навистина непријатни и за самите играчи кои беа покрај него на теренот, а нецели три дена по дербито, ова попладне пристигна беста на денот од Патерна тренинг центарот на Валенсија.

И покрај тоа што го чека долг и макотрпен процес на рехабилитација, Диакаби денеска ги изненадил своите соиграчи и се појавил со насмевка на тренингот на Валенсија, што дефинитивно е доказ за неговата ментална сила во овие тешки моменти.

Диакаби доби огромна поддршка од своите соиграчи и од колегите во Ла Лига во изминативе три дена, а сега самиот потврди дека ќе прави операција овој четврток во болницата во Лион во Франција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни