Вест која ја стресе Шпанија: Адвокатот на Нејмар „уловен“ на добро познато место (Видео)

nejmar-mengusa

Бразилецот Нејмар до крајот на летниот преоден рок дефинитивно ќе биде топ тема во шпанската спортска јавност, откако ПСЖ нагласи дека веќе се започнати поинтензивни преговори за комплетирање на трансферот на фудбалерот.

Иако не именуваше за кој клуб станува збор, Леонардо нагласи дека преговорите за заминување на неговиот сонародник сега се во далеку понапредна фаза, а сето тоа ги стави на готовс шпанските медиуми кои сега будно ги следат случувањата во шпанската престолнина, но и од Барселона. Од овој град ова попладне пристигна најсериозната шпекулација за можно враќање на Нејмар во Барселона, откако адвокатот на Бразилецот беше уловен на „Камп Ноу“.

Камерата на „Хугонес“ го улови Хуан де Диос Креспо на „Камп Ноу“, човекот кој беше задолжен пред две години да ја депонира клаузулата вредна 222 милиони евра с окоја Нејмар заврши во Париз. Диос Креспо денеска можеше да се забележи во друштво на Ариедо Браида кој е задолжен за интернационалните трансфери во Барселона, а во кој правец ќе замине операцијата за враќање на Нејмар на „Камп Ноу“ по оваа средба ќе покажат наредните неколку дена.

Инаку, како што јавуваат останатите шпански медиуми, Барселона нуди неколку фудбалери на ПСЖ за комплетирање за мега зделката, но францускиот клуб не се откажува од намерата да изнуди и одредена сума на пари.


 

Facebook Коментари