Вест Хем конечно проработи, повеќе нема екипи без бодови во Премиер лигата (Видео)

vest hem

Екипата на Вест Хем ги заборави четирите порази во низа и дојде до првите бодови и победа во оваа натпреварувачка сезона во Премиер лигата.

Клубот од Лондон славеше на гостувањето на „Гудисон Парк“ кај Евертон со 3-1 во меч во кој главниот збор го имаа Арнаутовиќ и Јармоленко. Украинецот постигна два погодоци, додека пак Арнаутовиќ забележа една асистенција и еднаш го матираше Пикфорд.

Голот за „карамелите“ на овој дуел беше дело на исландскиот репрезентативец Сигурдсон.

Со првите три бода Вест Хем избегна од дното, сега е на 16 место, а во следното коло го дочекува градскиот ривал Челси.

Facebook Коментари