Поврзете се со нас

Англија

Вест Хем ќе „реактивира“ важен играч на Ливерпул од ерата на Клоп

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/WestHam

Премиерлигашките клубови беа проактивни и во последниот преоден рок, но дел од нив можат да се засилат дополнително со играчи кои во моментов се слободни агенти.

Таков е случајот со Вест Хем, кој последниве денови ги активирал преговорите со агентите на Жоел Матип, фудбалер кој остана без ангажман по напуштањето на Ливерпул, а сега може да биде сериозно освежување за лондонскиот тим.

Менаџерот Хулен Лопетеги дал зелено светло за ангажирање на искусниот дефанзивец, иако тој нема одиграно натпревар уште од декември.

Матип заработи повреда на лигаментите во дресот на Ливерпул и не доби шанса да се врати на теренот во црвениот дрес, бидејќи договорот му истече летово, по што замина од „Енфилд“ истовремено со менаџерот Јирген Клоп.

Вест Хем може наскоро да го „реактивира“ искусниот 33-годишен фудбалер, а германските медиуми тврдат дека тој минатиот месец имал неуспешни преговори со бундеслигашкиот шампион Баер Леверкузен.

Покрај долгиот престој во Ливерпул, во својата кариера, екс камерунскиот репрезентативец роден во Германија има настапувано уште само за Шалке 04.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни