Поврзете се со нас

Англија

Вест Хем ќе ангажира стопер на ПСЖ

Објавено

на

Дејвид Мојс во следните неколку дена ќе добие сериозно засилување во одбраната откако е пред договор со ПСЖ за ангажман на играч на францускиот шампион.

Нов фудбалер на „чеканите“ се очекува да биде Тило Керер кој нема да добива голема минутажа од новиот стратег на ПСЖ, Криштоф Галтие.

Засега договорот не е блиску до реализација, но од Вест Хем како што пишува „Скај Спортс“ се надевале дека истиот ќе биде постигнат во следните неколку денови.

Двата клуба соработуваа во овој преоден рок кога договорија перманентен трансфер на Алфонс Ареола кој се пресели во Лондон за сума од околу осум милиони фунти.

Инаку, Вест Хем беше доста активен на трансфер пазарот и освен Ареола досега ги ангажираше и Најеф Огер од Рен, Патрик Кели кој стигна од Корелајн, Флин Даунс од Свонси и последните аквизиции Џанлука Скамака кој дојде од Сасуоло и Максцвел Корне кој го замени дресот на Барнли со оној на „чеканите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни