Поврзете се со нас

Англија

Вест Хем ја наполни мрежата на Арсенал и го исфрли тимот на Артета од Лига купот (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/WestHam

Лондонското дерби во Лига купот му припадна на Вест Хем, кој вечерва на домашен терен издоминира резултатски во дуелот со Арсенал (3:1).

Избраниците на Микел Артета останаа без можност да се борат за трофејот во ова натпреварување и ќе можат да се фокусираат на преостанатите три, но вечерва доживеаја непријатен убедлив пораз.

Резултатот го отвори автоголот на Вајт уште во 16. минута, Кудус зголеми во вториот дел, а Боувен ги постави конечните 3:0, со што Вест Хем сега ќе го очекува противникот во следната рунда.

Очекувано, Арсенал го започна дуелот со комбиниран состав, но иако во вториот дел во игра влегоа и Рајс, Сака и Одегард, единствено што успеаја да направат гостите е да намалат на 3:1 со голот на Норвежанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни