Поврзете се со нас

Англија

Вест Хем и Тотенхем си зададоа по еден удар и ги задржаа своите позиции на табелата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Вест Хем и Тотенхем традиционално нудат атрактивен и офанзивен фудбал на лондонското дерби, па така беше и вечерва каде во најголем дел од мечот се играше со отворен гард.

Двата тима имаа своите шанси за повеќе гола и прокнижени три бода, но на крајот се задоволија со по еден зададен удар и освоен бод со кој ги задржуваат позициите кои ги имаат и пред ова коло.

Тотенхем како гостин дојде до предност со голот на Џонсон по додавање на Вернер, но „чеканите“ брзо одговорија и преку Зума израмнија на 1:1.

Иако ова беше рана фаза на мечот, до крајот резултатот не се менуваше и мрежите мируваа, па Постекоглу и Мојс си подадоа рака по последниот судиски свиреж.

Тотенхем пропушти шанса да се искачи на четвртото место и остана петти зад Астон Вила, додека Вест Хем остана на седмото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни