Поврзете се со нас

Англија

Вест Хем го совлада Лидс и врза три победи на домашен терен (Видео)

Објавено

на

Лидс Јунајтед доживеа нов премиерлигашки пораз, а вечерва Езѓан Алиоски и неговите соиграчи загубија од Вест Хем (2:0).

Нашиот репрезентативец настапи во целото второ полувреме, но дотогаш лондонскиот клуб веќе имаше водство од 2:0.

Најпрвин Лингард погоди од одбиената топка откако Мерсие му го одбрани пеналот, за седум минути подоцна Доусон да ја искористи катастрофалната поставеност на дефанзивците на Лидс за водство од 2:0.

Вест Хем ја задржа предноста во целиот втор дел, во кој Лидс не ги реализираше своите шанси, па оствари уште една важна победа во обидот да стигне до што подобар пласман и место во европските купови.

Тимот на Дејвид Мојс има само два бода помалку од Челси кој е на четвртото место, додека Лидс е на единаесеттото место со 13 бодови помалку од денешниот противник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни