Англија
Вест Хем го пронајде наследникот на Рајс (ВИДЕО)

Премиерлигашот Вест Хем ќе остане без услугите на Деклан Рајс во овој преоден рок, играч кој за повеќе од 100 милиони евра ќе се пресели во редовите на Арсенал.
Рајс беше еден од клучните играчи на „чеканите“, незаменлив на средината на теренот и Дејвид Мојс и неговите соработници внимателно ќе мора да ја одберат неговата замена.
Наводно Вест Хем веќе има пикирано фудбалер, а тоа е американскиот репрезентативец Тајлер Адамс. Адамс е голем борец кој знае да биде неуморен на средината на теренот, играч кој има 24 години што значи има можност дополнително да се развива, напредува што секако е можност за премиерлигашот да го продаде во иднина, да дојде и до нова заработка.
Тој е врзан со Лидс кој испадна во ПЛ, па не би требало да има проблем да се договори трансферот. Интерес за него има и од Нотингем Форест, Њукасл и Астон Вила што доволно говори дека е ценет, посакуван на островот.
-
Балканпред 13 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 17 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 22 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 3 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик
-
Шпанијапред 4 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 4 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки