Поврзете се со нас

Англија

Вест Хем го продолжи договорот со еден од најважните играчи на Мојс

Објавено

на

Раководството на Вест Хем ги израдува фановите на клубот на првиот ден од новата година, официјализирајќи го новиот договор на Томас Сучек.

Чешкиот интернационалец стана еден од најважните играчи во составот предводен од Дејвид Мојс, а со своите игри си обезбеди подолг престој во редовите на премиерлигашот.

Договорот на Сучек истекуваше во јуни, но сега е ставен крај на неизвесноста и тој ставил потпис на соработка до 2027 година.

Сучек дојде од редовите на Славија Прага во 2020 година, а досега постигна 30 голови на 182 одиграни натпревари.

– Томас заврши фантастична работа за да ни помогне да обезбедиме опстанок во првата сезона откако дојде, а потоа е еден од најважните фактори за напредокот и успесите кои ги постигнавме, – рекол менаџерот Мојс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни