Поврзете се со нас

Англија

Вест Хем ги засили своите редови со најдобриот стрелец на Барнли

Објавено

на

Петтото засилување за Вест Хем во овој преоден рок доаѓа од составот на Барнли, а се работи за крилниот напаѓач Максвел Корне.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска беше најдобар стрелец на екипата која не успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата, а ќе му донесе солидна заработка на Барнли во овој преоден рок.

Корне имаше откупна клаузула од 17,5 милиони фунти во договорот, но засега не е потврдено колку платил Вест Хем за да го добие порано од истекот на неговиот договор со Барнли.

Корне е петтото засилување за Вест Хем, откако претходно во лондонскиот состав се преселија и Ареола, Даунс, Агерд и Скамака.

Вест Хем е во преговори и со Амаду Онана од редовите на Лил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни