Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Веспрем покажа моќ против Вардар среде Скопје

Објавено

на

Екипата на Веспрем славеше убедлива победа против Вардар во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Унгарскиот тим во „Јане Сандански“ ја оправда фаворитската улога и го совлада скопскиот тим со убедливи 30:22.

Вардар имаше една „црна дупка“ во второто полувреме, период од 12 минути во кој не успеа да постигне погодок и период кој е клучен за конечниот исход на натпреварот.

Избраниците на Давид Дејвис одиграа под просекот, а мора да се признае дека во одредени сиутаиции не ги следеше ни среќата, па на крај во Веспрем ќе патуваат со огромна негатива која тешко е достижна.

Талески и Дибиров беа најефикасни во Вардар со по шест гола, а дефинитивно играч на натпреварот беше голманот Родриго Коралес кој нанижа 17 одбрани.  Од стрелците, Нилсон постигна осум, додека Ненадиќ застана на шест погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни