Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Веспрем го „оддува“ Вардар во „Јане Сандански“

Објавено

на

Ракометарите на Вардар претрпеа убедлив пораз од Веспрем од 41-27 во првиот натпревар од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ не се на нивот на унгарскиот гигант во оваа сезона, а потврда за тоа беше вечерашната битка во СЦ „Јане Сандански“ која целосно мина во знакот избраниците на Давид Дејвис. Веспрем го контролираше резултатот од почетокот до крајот, беше надмоќен во сите елементи, во двата правци одбраната и нападот, па веќе со две нозе е во следната фаза на ова натпреварување.

Чупиќ со 8 гола беше прв стрелец кај Вардар, 4 даде Јотиќ. Маргуч со 8 погодоци беше лидер кај победникот, тим за кого Дејан Манасков беше автор на 4 голови.

Реваншот во Унгарија е закажан за 8 април.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни