СЕХА лига
Веспрем демонстрираше моќ во Задар, Пелистер ќе се бори за бронзата против Нексе

Претставниците на Еурофарм Пелистер немаа што да загубат во полуфиналето со Веспрем и со таква помисла влегоа во мечот, но унгарскиот великан покажа моќ и демонстрираше дека постои голема разлика меѓу двата тима во Задар.
Македонскиот претставник имаше историско учество на фајнал-фор турнирот во СЕХА лигата, но по вечерашниот убедлив пораз, сега преостанува да се надева на многу подобро издание против Нексе во борбата за третото место и бронзата.
Мечот започна со храбра игра на Еурофарм Пелистер и почетно водство од 2:1 и 3:2, но после ова, следеше иницијатива и преземање на контрола од страна на Унгарците, кои со текот на времето го разбија македонскиот ривал.
Веспрем отиде на плус шест некаде на средина на првото полувреме, а веќе на стартот на вториот дел стана јасно дека за Пелистер нема враќање назад.
Фаворитот отиде на двоцифрена предност, па истата растеше и на крајот Веспрем победи со убедливи 41:27, резултат кој му гарантира нова борба за трофејот во СЕХА лигата.
-
Светпред 23 часа
Уругвајците добија жестоки казни за нивното лудило на СП (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Алкалоид договори уште еден македонски репрезентативец
-
Евролигапред 21 час
Обрадовиќ во свој стил: Победивме, ама сме премногу глупави
-
Англијапред 24 часа
Евра не го дели ставот на Кин и Невил: Тие можат да ја освојат титулата во Премиер лигата
-
Светски првенствапред 22 часа
Франција ја надигра Шведска и ќе се бори за златото на СП
-
Шпанијапред 12 часа
Главниот оперативец на Атлетико распали по Реал: Истото се случува со децении и веќе никој не е изненаден!
-
Германијапред 22 часа
Унгарецот во елемент: Собослаи со две мајстории донесе победа за Лајпциг (ВИДЕО)
-
Англијапред 22 часа
Аке му пресуди на Арсенал, Сити оди во осминафиналето на ФА Купот (ВИДЕО)