Веспрем без милост во домашното првенство, Манасков постигна три гола

deki akcija

Веспрем делува незадржливо на стартото на новата натпреварувачка сезона, а избраниците на Дејвис демонстрираа моќ и на денешниот меч во кој се очекуваше да добијат посериозен отпор.

Наместо тоа, европскиот вицешампион приреди една ракометна прошетка на домашен терен, славејќи со убедливи 33:22 за петта последователна победа во националното првенство на стартот на сезоната. Македонецот Дејан Манасков имаше солиден учинок со три постигнати гола, но сепак посебно голгетески се издвоија Мае со седум, односно Тонесен со шест постигнати погодоци.

Ако се соберат и двете победи во СЕХА лигата, ова е седми триумф за Веспрем од стартот на сезоната, па секако дека избраниците на Дејвис ќе влезат со максимална самодоверба во новата сзона во Лигата на шампионите.

Facebook Коментари