Поврзете се со нас

Свет

Вештачката интелигенција го „оживеа“ гласот на таткото на Адријано, реакцијата на Бразилецот е срцепарателна (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Flamengo_en

Адријано никогаш не успеа да ја прежали смртта на својот татко и тоа самиот го призна пред само еден месец, а семејната трагедија беше до толку голема, што истата направи да видиме и неславен крај на една ветувачка кариера.

Бразилецот не успеа да се опорави од големата болка и им се препушти на пороци кои му ја уништија кариерата, но и покрај тоа, неговото значење во Бразил е навистина големо и поради тоа вчера добил специјално испраќање на „Маракана“ на проштален меч на кој имало и други негови сонародници.

Фламенго како клуб одлучил да му оддаде признание на „Императорот“ и организирал проштален меч во негова чест, а за време на настанот имало и еден специјален момент кој неверојатно многу го трогнал Адријано.

Со помош на вештачката интелигенција, на „Маракана“ бил рекреиран гласот на таткото на Адријано и на видео-бимот бил прикажан неговиот лик, по што фудбалерот целосно се распаднал од емоции.

Врската меѓу Адријано и неговиот татко ќе трае се додека е жив легендарниот бразилски фудбалер, а доказ за тоа дефинитивно е последната сцена која ни дојде од Бразил.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни