Весели и Обекпе се „закачија“, навивачите на Трабзон го прекинаа натпреварот (Видео)

trabzon-sala

Кошаркарскиот натпревар меѓу Трабзонспор и Фенербахче беше прекинат поради инцидентот кој го предизвикаа домашните навивачи, а за кој повод беше дуел меѓу играчите на двете екипи.

Пред крајот на полувремето, Весели влезе во дуел со противнички играч, по што беше турнат на паркетот од Крис Обекпе и тоа беше почеток на тензиите на трибините. Дел од домашните навивачи сакаа да влезат на теренот, по што официјалните лица решија да ја испразнат салата, за подоцна Фенербахче да дојде до убедлива победа со резултат 119:90.

Facebook Коментари