Белгискиот репрезентативец, Јан Вертонген директно го посочи главниот виновник за заминувањето на Маурисио Покетино од Тотенхем.
Аргентинскиот стратег поради слабите резултати на клубот доби отказ од Тотенхем, а за целата таа ситуација според Вертонген одговорни се само тој и соиграчите.
-Нашите настапи под водство на Покетино не беа на нашите стандарди. Сите сме одговорни. Не ставаше на теренот за да победиме и тоа ние не го правевме како што требаше, па сите треба да се чувствуваме одговорни, -истакна дефанзивецот кој не му испрати јавна порака на Маурисио, но се збогувал како што треба.
-Му испратив приватна порака. Тоа беше мојата порака кон него, -дополни Јан.
Facebook Коментари