Поврзете се со нас

Италија

Кеан колабираше на теренот, Верона ја продолжи лошата серија на Фиорентина (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/HellasVeronaFC

Фиорентина врза трет пораз по ред во италијанското првенство и тоа со гол примен длабоко во судиското надополнување, а дополнителна загриженост носи и незгодниот удар во глава кој го испрати Моисе Кеан во најблиската болница.

Верона го доби регионалното дерби со голот на Бернеде во 95. минута и тоа откако офанзивниот играч на домашниот тим ја искористи грешката на противничката одбрана и добро се снајде пред голот на Де Хеа.

Шпанскиот голман не можеше да спречи црно сценарио за гостите од Фиренца, па неговиот тим останува на шестото место со 42 бодови.

Кеан заработи незгоден удар во главата, се врати на теренот, но потоа колабираше и предизвика голема паника на теренот, па лекарскиот тим на Фиорентина го префрли во болница за детални прегледи.

Верона со денешната победа дополнително се оддалечи од опасната зона и освои важни бодови во битката за опстанок во Серија А.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни