Поврзете се со нас

Италија

Верон за тренерскиот избор на Милан: Сержио има правила кои никогаш не ги прекршува

Објавено

на

Сержио Консеисао вчера беше промовиран како нов тренер на Милан и Португалецот прифати да го наследи „жешкото столче“ кое досега го држеше Пауло Фонсека, што дефинитивно носи еден целосен контраст кога е филозофијата во прашање.

Фонсека во кариерата се докажа како тренер кој негува ултра офанзивен фудбал без да мисли многу на одбрана, додека Консеисао е целосна спротивност и важи за тренер кој се потпира на напорна работа и дисциплина, која придонесува неговиот тим да игра цврст и ефективен фудбал.

Само времето ќе покаже како оваа драстична промена ќе влијае врз играчите на Милан, но Хуан Себастијан Верон верува во својот поранешен соиграч од Лацио и смета дека „росонерите“ направиле вистински избор.

– Сержио е човек кој има железни принципи и секогаш им верува и се потпира на правилата. Тој секогаш има запазено некои правила и никогаш не ги прекршува. Нормално, никогаш не сум бил трениран од него, но можам да замислам каков е на клупата како тренер.

– Тој има свој метод, се обидува да го аплицира и сигурен сум дека ќе направи играчите на Милан да го дадат својот максимум на теренот. Не треба да се брза премногу со предвидувањата, сметам дека важно за него и за Милан ќе биде да се приклучи во зоната која носи фудбал во Лигата на шампионите наредната сезона, – вели Верон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни