Поврзете се со нас

Англија

Вернер: ВАР ме уништи во Челси, поставив рекорд кој никој нема да го урне

Објавено

на

Фото: Twitter.com/ChelseaFC

После само две години во Челси и Премиер лигата, Тимо Вернер се врати онаму кадешто играше најдобро во кариерата, во редовите на Ред Бул Лајпциг.

Германскиот репрезентативец дојде како огромно засилување во Лондон во 2020-та година и Челси плати за него околу 53 милиони евра, но две години подоцна, за речиси преполовена сума направи кам-бек во Германија, откако комплетно го загуби местото во тимот кој го предводи Томас Тухел.

Повеќе причини и фактори влијаеја за ваквиот расплет на Тимо во англиската престолнина, но според него, голем удар му задал и ВАР системот кој сигурно нема да го памети по добро од времето во Англија.

Вернер имаше дури 16 поништени гола од ВАР до октомври минатата година и постави апсолутен рекорд по оваа статистика, нешто што тешко дека некој ќе го надмине во блиска иднина.

– Првата година во Челси беше успешна за тимот, ја освоивме Лигата на шампионите. Не говорам за личниот учинок кој беше доста солиден и верував дека втората година ќе биде уште подобра.

– Точно е дека имав промашувања, но ВАР технологијата ме уништо во Челси. Мислам дека поставив рекорд по бројот на поништени голови по интервенција на ВАР собата. Никој нема да го урне тој рекорд во догледно време. Тој податок ми ја уништи самодовербата, – признава Вернер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни