Поврзете се со нас

Англија

Вернер: Се чувствувам виновен за отказот на Лампард

Објавено

на

Тимо Вернер пред почетокот на оваа сезона дојде во Челси како големо засилување од РБ Лапјциг, меѓутоа во досегашниот тек тој не се прослави и не им го даде на „сините“ она за што главно беше доведен-тоа се головите.

Германецот редовно влегува во шанса, ама има слаба реализаиција, па тоа според него влијаело и за отказот на Френк Лампард, односно Вернер смета дека сноси вина или поточно верува дека ако бил да повисоко ниво сега ситуацијата би можеле да биде поинква кога е во прашање англиската легенда.

-Да постигнев уште четири или пет голови, можеби Лампард се уште ќе беше тренер затоа што ќе имавме повеќе победи. Не можеме да гледаме во минатото, бидејќи пред нас има премногу натпревари, но се чувствував виновен што пропуштив толку многу шанси. Поради тренерот, клубот и секако поради себе. Сакам да давам голови цело време. Сега имаме нов тренер и тоа е нов почеток за сите, особено за мене. Пропуштив толку многу можности и поени, можеби сè ќе биде подобро по новиот почеток, – рече германскиот репрезентативец и додаде:

-Периодот во кој не постигнав голови беше најлош во мојата кариера затоа што никогаш претходно не сум пропуштил толку многу големи шанси. Никогаш не сум бил без гол толку долго. Бев среќен што таа лоша серија заврши пред два натпревари. Се чувствував лошо, -откри Тимо кој има 5 голови на 24 настапи во кампањата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни