Поврзете се со нас

Англија

Вернер призна дека почнал да се двоуми за трансфер во Лондон по дебаклот на Челси: Нема потреба да лажам

Објавено

на

blank

Тимо Вернер пред официјалниот крај на минатата натпреварувачка сезона веќе направи трансфер во Челси, но на почетокот на месеце март, се уште немаше донесено одлука и еден тежок пораз на тимот на Френк Лампард направил да почне да се двоуми за преселба во Лондон.

Германскиот напаѓач во неколку наврати посочи дека на крајот пресудната улога ја одигра Френк Лампард, менаџерот на Челси кој постојано му се јавувал и му праќал видеа за тоа како ќе игра во неговиот тим.

Вернер на крајот заврши на „Стемфорд Бриџ“, но признава дека лекцијата која му ја одржа Баерн на Челси на негов терен го натерала доста да размислува дали ја носи вистинската одлука.

– Тој пораз на Челси од Баерн секако не ми даваше добри сигнали за заминување во Лондон. Ќе ве излажам ако кажам дека не беше така после тоа што го видов на теренот.

– Искрено и отворено го кажувам ова, размислував дали тоа е вистинската опција, особено поради тоа што со Лајпциг постојано имавме добри партии против Баерн, – признава Вернер.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни