Поврзете се со нас

Германија

Вернер нема да настапува за Лајпциг во Лигата на шампионите

Објавено

на

Тимо Вернер веќе дал согласност за реализација на трансферот во редовите на Челси, но германскиот фудбалер планира да им приреди уште еден шок на фановите на РБ Лајпциг.

Во Германија се шпекулира дека Вернер одлучил да одигра уште само три натпревари за својот актуелен клуб, по што ќе веќе ќе се насочи кон обврските во редовите на премиерлигашот, а за ова веќе ги информирал и челниците на клубот.

Тоа значи дека Лајпциг ќе мора да игра на се уште непотврдениот завршен фајнл-ејт турнир без својата најголема ѕвезда, што сигурно ќе биде хендикеп во ситуација кога бундеслигашот можеше да биде закана за некој од фаворизираните тимови.

Вернер има уште три средби од Бундеслигата, тие против Фортуна, Борусија Дортмунд и Аугзбург на 27 јуни, со што веројатно и ќе се прости од дресот на РБ Лајпциг.

Според правилата на ФИФА, тој не може да настапува за Челси пред почетокот на следната сезона, но Германецот не сака да ризикува повреда во моментите кога треба да се наменте кај новиот менаџер, Френк Лампард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни