Поврзете се со нас

Англија

Вернер ја истакна својата најголема предност на промоцијата во Тотенхем (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Тотенхем прилично брзо го убеди и го договори Тимо Вернер, па така повремениот германски репрезентативец вечерва и официјално потпиша за клубот од Северен Лондон и се врати во Премиер лигата.

По првата етапа која ја имаше во Челси, Вернер се врати во родната Германија во недостиг на посакувана минутажа, но откако работите тргнаа лошо во РБ Лајпциг од стартот на оваа сезона, Тимо реши да направи трансфер уште во јануари.

Вернер потпиша шестмесечен договор со Тотенхем до крајот на сезоната, со тоа што премиерлигашот задржа право да го направи трансферот перманентен за сума од 17 милиони евра.

Германецот го избра бројот „16“ во новата средина и ја даде првата изјава како член на „петлите“, а при обраќањето не пропушти да нагласи дека клучен за трансферот бил менаџерот Анге Постекоглу.

– Разговорот со менаџерот беше навистина многу добар. Веднаш ми даде чувство дека треба да му се приклучам на клубот. Исто така, тактиката и стилот на игра прилегаат на мене и затоа не се двоумев.

– Се надевам дека ќе бидам најдобар што можам во овој тим. Можам да играм на секоја позиција во нападот и тоа е една од моите предности. Флексибилноста е моја најголема предност. Кога ја напуштив Премиер лигата, веднаш почувствува како нешто да ми недостасува. Тоа е најдобрата лига во светот и затоа се вратив. Ми недостасуваше и Лондон, навистина добро се аклиматизирав во оваа средина, – изјави Вернер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни