Поврзете се со нас

Германија

Вердер се спаси од испаѓање, противникот му помогна со бизарен автогол (Видео)

Објавено

на

Фудбалерите на Вердер Бремен ја спасија сезоната откако обезбедија опстанок во првата германска Бундеслига, дури по бараж двомечот со второлигашот Хајденхајм.

По ремито без голови на првата средба во Бремен, вечерва ремито 2:2 му донесе доволна предност на Вердер да го задржи местото во елитата и ги остави играчите на Хајденхајм без остварување на својот сон.

Домаќините несреќно го започнаа натпреварот откако уште во 3. минута си постигнаа бизарен автогол, а Вердер во продолжение не реализираше многу шанси за да ги разреши дилемите.

Во финишот, Хајденхајм израмни, но во моментите кога бркаше втор гол, Вердер реализираше една контра преку Аугустинсон за 1:2. До крајот домаќините добија пена, кој го претворија во реми 2:2, но головите постигнати на гостински терен го задржаа Вердер во елитата.

Останувањето на Вердер значи дека во првата Бундеслига следната сезона ќе има две нови екипи, односно Арминија и Штутгарт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни