Германија
Вердер го обезбеди потписот на досегашен фудбалер на Ливерпул

Вердер Бремен успеа да реализира сериозно трансфер засилување и го обезбеди потписот на Наби Кеита.
Фудбалерот кој досега настапуваше за Ливерпул имаше можност да бира каде ќе ја продолжи кариерата, а интересно е што Вердер успеа да го ангажира без да дозволи шпекулации во медиумите изминатите денови.
Утринава германските медиуми првпат најавија дека има преговори меѓу Вердер и Кеита, а неколку часа подоцна фудбалерот е промовиран како нов член на поранешниот германски првак.
Кеита потпишал договор до 2028 година, а медиумите најавуваат дека ќе заработува 1,5 милион евра по сезона, што е големо намалување на неговата плата во однос на престојот во Ливерпул (7 милиони евра).
Пред да настапува во Англија, репрезентативецот на Гвинеја го носеше дресот на РБ Лајпциг.
Es ist wirklich wahr: Der SV Werder verpflichtet Naby #Keïta. ✍️
Der 28-jährige Mittelfeldspieler wechselt ablösefrei vom @LFC an die Weser 👉 https://t.co/c1yZU1bIx9
Herzlich Willkommen, Naby! 💚#Werder pic.twitter.com/QDKQOKq4Kh
— SV Werder Bremen (@werderbremen) June 9, 2023
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 9 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Англијапред 22 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
АТПпред 24 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава
-
Англијапред 3 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)