Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Верати и Ди Марија го украдоа шоуто на трибината по лудиот пресврт на ПСЖ (Видео)

Објавено

на

Марко Верати и Анхел Ди Марија беа сместени во ВИП ложата како претставници од експедицијата на ПСЖ, играчи кои не можеа да им помогнат на Нејмар, Мбапе и компанија оваа вечер поради повреда, односно суспензија.

Сепак, двете ѕвезди на ПСЖ го украдоа шоуто и не останаа рамнодушни на она што се случи на теренот, откако нивните соиграчи во период од три минути направија комплетен пресврт.

Ди Марија и Верати имаа огорчени лица на трибината бидејќи Аталанта водеше со 1:0 до 90-та минута, но три минути подоцна, скокаа од радост и за малку можеа и да настрадаат по голот на Чупо Мотинг за 2:1.

Верати заборави на повредата и поткривнувајќи можеше да си нанесе дополнителна штета по скалите, а возбудата не ја криеше ниту суспендираниот Ди Марија кој сега ќе може да игра во полуфиналето.

Нивната реакција во продолжение….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни