Поврзете се со нас

Франција

Верати: Еден ден ќе побарам француски пасош

Објавено

на

Марко Верати е голема фудбалска ѕвезда која се разликува од најголемиот број колеги поради фактот што веќе десет години настапува за ист клуб.

Италијанецот дојде во ПСЖ од Пескара и веќе цела деценија е во Париз, за сега да потенцира дека веќе ја чувствува Франција како свој втор дом.

– Дојдов во Париз од едно мало село во Абруцо. Париз е неверојатен град, а Франција како држава ми даде многу мене и на семејството.

– Затоа се чувствувам Французин исто како и Италијанец, еден ден ќе побарам француско државјанство бидејќи моите синови се родени овде, – изјавил Верати.

Ѕвездата на ПСЖ го прокоментирала и шокантниот пораз од Македонија во мундијалскиот плејоф.

– Тоа беше вистинска катастрофа. Го освоивме Европското, а потоа не се пласиравме на СП, – вели Верати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни