Венус ја надигра Мугуруза и обезбеди полуфинале во Сингапур (Видео)

venus

Искусната Венус Вилијамс ја надигра Гарбиње Мугуруза во директниот дуел и обезбеди полуфинале на завршниот ВТА турнир во Сингапур.

Постарата од сестрите Вилијамс славеше со 7-5, 6-4 и на тој начин и се одмазди на тенисерката од Шпанија за поразот во финалето на Вимблдон, односно ја исфрли од натпреварувањето.

Во вториот меч од белата група малата Јелена Остапенко ја изненади Каролина Плишкова (6-3, 6-1), ама овој негативен резултат не донесе последици за третата светска тенисерка со оглед на тоа што од претходно ја имаше обезбедено позицијата број еден во ова друштво.

Facebook Коментари