Вентура се негира себеси: Не сум кажал дека ќе дадам оставка

ventura-3232893289

Италијанскиот селектор Џампјеро Вентура негираше дека ќе поднесе оставка, иако претходно го кажа спротивното.

Вентура одбива да даде оставка по вчерашната елиминација од Шведска во баражот за Светското првенство во Русија, но во изјава на ТВ шоуто „Ле Јене“ најави дека ќе се збогува со националниот тим.

Сепак, за италијанската агенција „Анса“, тој се демантираше себеси.

– Никогаш не кажав дека ќе дадам оставка – изјави Вентура.

Тој потпиша нов договор со Италијанската фудбалска федерација во септември, но има клаузула во договорот што ѝ овозможува на федерацијата да го отпушти ако репрезентацијата не се пласира на Мундијалот.

Facebook Коментари