Вентура поднел оставка по мундијалското разочарување за Италија?

ventura

Италијанските фудбалски фанови не се навикнати нивната репрезентација да не е дел од светските првенства, но во Русија тоа ќе се случи по цели 60 години.

Ремито против Шведска во Милано ја испрати скандинавската селекција на мундијалот, а разочараните Италијанци ќе се надеваат на брза рехабилитација и тоа со нов селектор.

Иако е малку предоцна, Џампјеро Вентура поднел оставка веднаш по неуспехот во плејофот против Шведска, а оваа информација ја пренесоа италијанските телевизии кои први ги споделуваат изјавите на актерите на натпреварот. Искусниот стручњак ќе заработи многу критики поради овој натпревар, но и целите квалификации, а федерацијата допрва ќе одлучува за неговиот наследник.

Facebook Коментари