Вентура ќе ја напушти селекторската функција, но убаво ќе ја испразни касата на италијанската федерација (Видео)

ventura

Италија за прв пат по 1958 година нема да биде дел од мундијалите,  па јавноста на Апенините за овој неуспех и лош резултат бара одговорност како од федерацијата така и од селекторот Џампјеро Вентура.

Повеќе од јасно е оти Вентура е веќе минато за „аѕурите“ со тоа што се чека само потврда на оваа информација, односно дали тој самиот ќе си поднесе оставка или ќе добие отказ од италијанската федерација.

Наводно Вентура нема намера бесплатно да си замине од функцијата и има да го напрати тоа што се уште е под договор. Имено тој е подготвен да си замине ако на неговата банкарска сметка како обештетување легнат 700.000 евра

Тоа е сумата која Вентура наводно ја бара, меѓутоа останува отворено прашањето дали е ова вистина со оглед на тоа што искусниот стратег за „ Le Iene“ посочи и вети оти ќе си даде оставка.

Facebook Коментари