Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Венгер застана во одбрана на Симеоне: Го оправдувам неговиот потег со Клоп

Објавено

на

Арсен Венгер е редовен гостин во студиото на „БеИН Спортс“ за време на дерби пресметките кои се играат во Лигата на шампионите, па како главен аналитичар за оваа позната телевизија, даде свој коментар за непоздравувањето на Диего Симеоне и Јирген Клоп по натперварот на „Ванда Метрополитано“.

Францускиот стручњак е убеден дека Симеоне и Клоп си забележале нешто еден на друг во текот на 90-те минути, па поради тоа, го оправдува потегот на Чоло кој експресно истрча во тунелот и кон соблекувалната по последниот судиски свиреж.

Симеоне подоцна објасни дека секогаш го прави истото и речиси никогаш не се поздравува со противничкиот менаџер по крајот на натпреварот, но Венгер верува дека нешто се случило крај аут линијата за време на спорните одлуки кои ги носеше судијата.

– Нема секогаш мир и љубов крај аут линијата. Се на се, мора да напоменам дека нешто се случило меѓу нив. Не само што не се поздрави, туку тој директно истрча кон внатрешниот дел од стадионот. Тоа значи дека тој беше убеден дека не треба да се поздрави.

– Според мене, се случило нешто, но го оправдувам тој потег. Добра работа е што вакви инциденти подобро се поправуваат на начинот на Симеоне. Си разменувате зборови, си одите, а после извесно време ќе бидете смирени кога ќе се сретнете и ќе ги средите нејаснотиите, – објаснува Венгер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни