Венгер за прв пат призна пораз во случајот со ѕвездата: Тој нема да го продолжи договорот со Арсенал

FBL-ENG-FACUP-NOTTINGHAM FOREST-ARSENAL

Премиерлигашот Арсенал по крајот на актуелнава сезона може да остане без неколку важни играчи на кои им завршува договорот, па токму овој преоден рок е последна шанса да заработат одредена сума на нив.

Во прашање се тројца асови Алексис Санчез, Месут Озил и Џек Вилшир со тоа што за прв пат Арсен Внгер призна дека Чилеанецот најверојатно си оди од клубот, но воедно позитивно гледа на ситуацијата со останатите двајца.

-Дали Озил ќе остане во Арсенал? Да има шанса за него да остане. Овие момци сакаат да победуваат и секако да заработуваат пари. Па таа комбинација можат големите клубови да им ја обезбедат. Патем тој освои трофеи со нас, па затоа сака да се бори за Премиер лигата, тоа е нормално кога сте на тоа ниво. Изгледа дека Санчез нема да го продолжи договорот, ама сакаме да го задржиме Џек и ако имаме можност да го задржиме Озил, па обновата да биде помалку длабока отколку сите тројца да заминат, -порача Венгер.

За Санчез најголем интерес има од градските ривали од Манчестер, Сити и Јунајтед.

Facebook Коментари