Поврзете се со нас

Англија

Венгер за Арсенал и опасноста во борбата за титулата: Тука може да губиме бодови…

Објавено

на

Арсенал беше многу блиску до пехарот во Премиер лигата во минатата сезона, ама не се снајде најдобро во самата завршница кога требаше да додаде гас и го комлетира маратонот, односно Манчестер Сити ги искористи сите нивни грешки, успеа да ги мине и со тоа дојде до нов пехар во најсилната англиска фудбалска конкуренција.

„Топчиите“ дополнително се засилија во летниот преоден рок и на хартија дефинитивно имаат подобар, поквалитетен, покомпетитивен тим и многу се очекува од нив, поточно вистински напад на тронот на „граѓаните“.

Арсен Венгер како легенда на овој клуб, ас кој во минатото му донесе многу успеси верува дека може да се дојде до титулата, ама во исто време предупредува за една „замка“ која може да биде опасност за Арсенал, настапот во ЛШ.

-Чувствував дека тие [Арсенал] инвестираа сериозни пари во последните четири години, вложија многу пари, но добро тоа го направија. Сè уште имаат млад тим, талентиран тим. Мислам дека научија од она што им се случи минатата година. Тие не можеа добро да се справат со тоа, психички беше многу тешко. Сигурен сум дека ќе научат од тоа.

-Исто така верувам дека Сити ги загуби Де Брујне на подолг период и Гундоган кој беше многу важен играч, иако тие се врвен тим, не се сомневам во тоа, но можеби тие можат тоа да го искористат. Но, мора да се справиме со Лигата на шампионите, а тоа ќе не чини бодови, -вели Арсен во подкастот на Дејвид Симан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни