Поврзете се со нас

Англија

Венгер за актуелната ѕвезда на Арсенал: Се борев како луд да го донесам во мојот тим

Објавено

на

Арсен Венгер одблиску ги следи сите случувања во Арсенал и верува дека тимот на Микел Артета е способен да стави крај на дведеценискиот пост кога е во прашање титулата во Премиер лигата, особено со лидер на теренот како Мартин Одегард.

Норвежанецот прерасна во голема фудбалска ѕвезда какошто се прогнозираше и додека беше тинејџер, а неговиот случај беше навистина интересен, бидејќи неколку големи клуба се бореа за потписот уште кога имаше 16 години.

Одегард одработи мини подготовки со неколку европски великани, но на крајот го избра Реал Мадрид, клуб од кој неколку години подоцна премина во Северен Лондон.

Арсен Венгер го сакаше Одегард уште како тинејџер и направи се што е во негова моќ да го добие, но сега во неговите квалитети ужива актуелниот менаџер.

– Добро се сеќавам на Одегард уште кога беше тинејџер. Се борев за него како луд. Го донесовме на нашиот тренинг и тој беше заедно со неговиот татко. Тој ме потсетуваше на Фабрегас, имаше добра визија, одлични технички квалитети и лесно се справи со играчите од првиот тим. Уште тогаш се виде дека има нешто специјално во него, но на крајот не можевме да направиме ништо бидејќи го избра Реал Мадрид, – открива Венгер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни