Венгер стравува од најлошото: Пораката која ми ја прати Касорла се разликува од претходните

wenger-santi1

Санти Касорла минатата недела  доживеа голем шок откако беше констатирано дека ќе мора да направи нова операција на зглобот кој му прави проблеми повеќе од една година, информација која покрај тоа што сигурно влијае депримирачки за самиот фудбалер, го загрижува и Арсен Венгер кој инаку беше голем оптимист дека ќе го види Шпанецот на теренот во јануари.

Венгер минатиот месец истакна дека никогаш во својата кариера нема видено полоша повреда од онаа на Касорла, а сега откако играчот за врска подлегна на деветтата операција во последните 12 месеци, јасно е дека неговото враќање на терените е одложено на неодредено време.

Сепак, она што посебно загрижува е последната изјава која ја даде францускиот стручњак, кој во интервјуто за британскиот таблоид „Сан“ потенцира дека се плаши од тоа дека ова може да значи предвремен крај на неговата кариера.

– Му испратив охрабрувачка порака на Санти за да му посакам се најдобро после хируршката интервенција, а неговиот одговор беше различен од претходно. Треба да започнам од нула, беа неговите зборови. Ова е ужасна вест, имав голема надеж дека ќе се врати во јануари, но тоа беше пред да се случи овој нов непосакуван проблем, – вели Венгер.

Facebook Коментари