Англија
Венгер: Се уште се грижам за Арсенал, се надевам Артета…
Францускиот стратег Арсен Венгер во 2018 година си замина од таборот на Арсенал, но тој и понатаму размислува за својот поранешен клуб и внимателно ги следи сите негови натпревари.
Венгер остави голема трага во таборот на „топчиите“ кои ги водеше повеќе од две децении, период кој беше плоден за клубот од северен Лондон со три титули во Премиер лигата, седум во ФА Купот и седум во Комјунити Шилд.
-Јас се уште се грижам за клубот и ги гледам сите натпревари. Верувам дека има култура во начинот на кој Арсенал треба да игра, начин кој сакам да биде почитуван. И се надевам дека Микел (Артета) може тоа да го врати, -рече Венгер за „Токспорт“.
Арсен воедно проговори и за доминацијата на Ливерпул во Премиер лигата во кампањата 2019/2020, кампања која во моментов е прекината поради коронавирусот.
-Јирген заврши фантастична работа бидејќи тој клуб чекаше 30 години за оваа титула. Кога ќе видете колкава предност имаат во однос на вториот тим, Манчестер Сити-25 поени, тоа е неверојатно. Без разлика за што ќе се одлучи Англија, Ливерпул мислам е шампион во главата на сите, -заврши Французинот.
-
Англијапред 22 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 22 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 22 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 21 час
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 20 часа
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Германијапред 21 час
Фановите на Баерн испратија порака прекинувајќи го куп дуелот со тениски топчиња (Видео)