Поврзете се со нас

Англија

Венгер самоуверен пред големото дерби на „Итихад“: Арсенал ја научи лекцијата од минатата година

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Големото дерби меѓу Манчестер Сити и Арсенал ќе биде главно случување во Премиер лигата утре попладне, натпревар кој би требало да приближи еден тим до титулата во Премиер лигата.

Овие два ривали се бореа до самиот финиш минатата сезона и Арсенал потклекна во шампионската трка, но Арсен Венгер е убеден дека Микел Артета и неговите играчи ја научиле лекцијата и дека сега ќе одат до самиот крај.

Французинот верува дека Арсенал ќе стави крај на 20-годишното чекање во Премиер лигата и дека титулата ќе се врати во Северен Лондон, па затоа на Фреди Љунгберг му посочи дека очекува храбро издание и победа на „Итихад“.

– Зошто да не, верувам дека сме способни да одиме до самиот крај. Следиов меч ќе биде малку одлучувачки. Зошто да не ги победиме? Секако дека верувам во победа. Сити секогаш е добар тим, но сметам дека не се доминантни како што беа пред една година. Сити знае како да игра во оваа фаза од сезоната, но Арсенал сега го има потребниот капацитет и треба да покаже дека може да оди докрај.

– Сигурен сум дека Арсенал ја научи лекцијата од минатата сезона. Минатата  година тензијата преовлада во финишот и Арсенал потклекна во завршниот спринт со Сити. Оваа сезона сме активни во две натпреварувања и тоа го гледам како предност. Многу им се приближивме во последните две-три сезони и сега треба да покажеме дека можеме да бидеме и подобри од нив, – изјави Венгер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни