Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Венгер призна дека направил една тактичка грешка во незаборавното финале со Барселона во 2006. година

Објавено

на

Овогодинешното издание на Лигата на шампионите ќе има свечено затворање на Стад де Франс во Париз, стадион кој последно беше домаќин на еден завршен чин во најелитното натпреварување пред 16 години.

Во финалето во 2006-та година, силите ги одмерија Арсенал и Барселона во еден натпревар кој донесе различни емоции на двете страни, но кој имаше и необичен тек поради раниот црвен картон кој го заработи Јенс Леман.

Барса предводена на теренот од Роналдињо влезе во финалето како апсолутен фаворит за трофејот, но до истиот стигна до потешкиот пат, правејќи пресврт со два гола во 76-та и 80-та минута. Иако играше со човек помалку, Арсенал поведе и долго одолеваше на нападите на Барселона, а 16 години подоцна, Арсен Венгер призна дека направил една тактичка грешка и би ја поправил само таа ако може да го врати времето.

– Сите ме прашуваат дали жалам што го повлеков Пирес од игра во 18-та минута по исклучувањето на Леман. Но, не, не жалам за тоа. Морав да донесам брза одлука, а во тоа време Пирес беше роден во 1973-та, а ние игравме во 2006-та година. Игравме против Барселона и знаевме дека во еден момент ќе мора да се браниме. Пирес беше многу офанзивен играч, а во офанзивата ги имавме уште Хлеб и Љунгберг покрај Анри. Морав да одлучам меѓу Пирес, Љунгберг и Хлеб и на крајот одлучив да ги оставам оние кои имаат повеќе енергија.

– Ако направив некаква тактичка грешка, тогаш тоа е онаа подоцна во мечот. На 15 минути пред крајот, го ставив во игра Фламини на местото на Фабрегас бидејќи сакав да го зачуваме водството. Можеби ќе беше подобро да ставев трет стопер и да ја оставам средината како што е. Можеби ќе беше подобро да го извадам Хлеб и да ставам стопе и да се браниме како што знаеме. Сите ме прашуваат за Пирес, но ако можам да го вратам натпреварот, ќе ја донесам истата одлука, – изјави Венгер во студиото на „БеИН Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни