Поврзете се со нас

Франција

Венгер посочи какви проблеми може да донесе трансферот на Меси во ПСЖ

Објавено

на

Арсен Венгер веќе подолго време нема тренерски ангажман и останува отворено прашањето дали и во иднина ќе го видиме на некоја ваква функција како стратег или селектор со оглед на тоа што има 71 година.

Меѓутоа Французинот е присутен во јавноста и знае често да ги искоментира најважните актуелности, случувања, а во моментов една од темите која предизввикува внимание е секако можниот премин на Лионел Меси во Пари Сен Жермен.

На Аргентинецот му завршува договорот со Барселона што значи во 2021 година ќе може без проблеми да потпише за било кој клуб со тоа што опција и е да остане на „Камп Ноу“. Медиумите во последнот време го поврзуваат со преселба во светците, информации кои не сакаа да ги демантираат ниту претседателот, ниту спортскиот директор на оваа екипа.

Дали е возможно ова да се реализира ќе покаже времето, но според Арсен Венгер тоа ќе биде погрешен потег на ПСЖ затоа што тоа ќе донесе нарушување на  рамнотежата на клубот од Лига 1.

-Лионел Меси е еден од двајцата најдобри играчи во светот. Оние кои ќе ги заменат Кристијано Роналдо и Меси се веќе во ПСЖ. Потоа станува збор за рамнотежа во клубот, технички и финансиски бaланс. Можете ли да одржите рамнотежа во ПСЖ со доведување играчи како Меси? Не сум сигурен, -истакна искусниот Венгер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни