Англија
Венгер посебно изненаден од еден неочекуван јануарски трансфер во Премиер лигата

Манчестер Сити потроши убедливо најмногу пари на трансфер пазарот во зимскиот преоден рок и доведе четири фудбалери, но најголемата продажба сепак ја реализираше Астон Вила, клуб кој реши да се откаже од Џон Дуран.
Клубот од Бирмингем доби понуда која едноставно не се одбива, а по инсистирањето на напаѓачот да направи трансфер во Ал Наср, Астон Вила и немаше премногу аргументи да го задржи во своите редови.
Премиерлигашот инкасираше импресивни 70 милиони евра за шест добри месеци на Дуран во Премиер лигата, но бидејќи претходно Колумбиецот се поврзуваше со неколку елитни клубови во Премиер лигата, има и такви кои се изненадени од неговата одлука.
– Дуран е млад играч и играше за Астон Вила каде беше обожаван и сакан од сите. Искрено, за мене беше големо изненадување што на средина на сезоната си замина од Премиер лигата за да се пресели во Саудиска Арабија. Иако сум изненаден, ова е уште еден доказ дека тука во Саудиска Арабија се работи навистина добро, – вели Венгер во интервјуто за телевизијата на Ал Наср.
– Фудбалот во Саудиска Арабија постојано еволуира, имаат одлични играчи, а го имаат и Кристијано Роналдо кој е пример за секој млад фудбалер. Тука се поставени сите потребни основи за да се развива фудбалот. Веќе има големи клубови, има големи играчи и стручни лица, а секако има и голем финансиски потенцијал. Сепак, најважно од се е тоа што се носат добри одлуки, – вели Венгер.
-
Формула 115 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија24 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија15 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија11 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија9 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства10 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 110 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)