Венгер отворено за Сити: Тие се добар состав, ама не се…

Venger-Siti

Францускиот стручњак на клупата на Арсенал, Арсен Венгер не го оспорува квалитетот на ривалот од Премиер лигата Манчестер Сити, меѓутоа воедно потенцира оти составот предводен од Пеп Гвардиола не е незапирлив.

„Граѓаните“ по 11 рунди во првенството имаат 31 бод со позитивна гол разлика од 31 погодок, па веќе почнаа да се прават споредби со непобедливиот тим на Арсенал од натпреварувачката 2003-04, кога клубот од Северен Лондон ја освои титулата без ниту еден пораз.

-Луѓето можат да предвидуваат што ќе се случи. Не знам повеќе од тебе. Можеби, можеби не. Во овој момент само еден тим тоа го има направено, -истакна Венгер.

-Тие се добар тим, ама не се незапирливи. Ако ги погледнете очекуваните голови, тие беа 0,7 и 0,6 за нас. Тоа беше тесен натпревар, тие создадоа мал број на удари кон целта, еден повеќе од нас, тоа е сè. Севкупно мислам дека бевме казнети со третиот гол. На 2-1 бевме многу во натпреварот. Јас не оспорувам дека се добри, но не се незапирливи. Ама судијата имаше апсолутно сурово влијание врз играта, -додаде Арсен за „Беин Спортс“.

 

Facebook Коментари