Венгер објасни зошто Арсенал го испушти Гнабри и обвини за манипулација!

wenger-gnabri

Серж Гнабри имаше ноќ за паметење во Северен Лондо пред една седмица, кога на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Тотенхем и Баерн Минхен блескаше во неверојатната голеада која ја приредија Германците.

Баерн победи со фасцинантни 2:7 на гостински терен, а човек на одлука беше токму Гнабри кој постигна четири гола против тимот кој од мали нозе е учен да биде негов голем ривал. Германскиот репрезнтативец мина една година во младинскиот погон на Арсенал, па поради големиот потенцијал, брзо беше прекомандуван во првиот тим каде сепак не дојде посебно до израз. По четири неуспешни сезони, Арсенал прилично лесно се ослободи од Гнабри, а три години по заминување од клубот, доживеа незаборавна ноќ на теренот на лутиот ривал од Северен Лондон.

Неговиот голем напредок во изминатите две сезони и брилијантната ноќ во Лигата на шампионите ги осоколи англиските експерти да говорат за големиот пропуст на Арсен Венгер, па така денес Французинот се јави и се обиде да објасни зошто Гнабри си замина од Арсенал.

– Мора да ви кажам дека наш фокус беше да му го продолжиме договорот на долг период. Се обидовме да го направиме тоа, но мислам дека Баерн ја изманипулира сета оваа ситуација зад сцената. Очигледно му беше кажано дека ако заврши во Вердер Бремен, потоа ќе направи трансфер во Баерн. Тоа и се случи. Серж отсекогаш беше многу талентиран, но му недостасуваше самодоверба во одредени моменти. Отсекогаш верував дека може многу да постигне, но кога се врати од позајмицата од ВБА, се гледаше дека лошото искуство направи да нема никаква самодоверба. Поради тоа се врати во Германија, а од Бремен заврши во Баерн. Се обидов да му ја вратам самодовербата бидејќи верував во него, но некој друг вмеша прсти во неговото заминување, – објаснува Венгер за „БеИН Спортс“.

Facebook Коментари