Венгер обелодени каков договор постигнал со Румениге: Ова е вистинската приказна! (Видео)

venger-baern

Германските медиуми во изминативе два дена излегоа со интересна сторија поврзана со Арсен Венгер, со која и соопштија на јавноста дека Французинот сам му се понудил на Карл Хајнц Румениге преку телефонскиот разговор за преземање на Баерн Минхен.

Во верзијата на угледните медиуми, беше нагласено дека Венгер сепак добил „корпа“ од страна на еден од водечките луѓе на клубот, па во ситуација кога неговото име почна да се повлекува од листите за потенцијални кандидати за преземање на местото кое празно го остави Ковач, оваа вечер ни пристигна ексклузивно обраќање од самиот Арсен.

Искусниот Французин одлучи да ја сподели вистинската верзија, а при обраќањето кое го имаше за „БеИН Спортс“, нагласи дека ќе води преговори со Баерн за преземање на тренерската функција во текот на наредната недела.

– Во средата попладне, добив повик од Румениге. Во тој момент не можев да му одговорам, па затоа јас го побарав подоцна. Во тој момент, тој беше во својот автомобил и одеше да го гледа натпреварот против Олимпијакос. Разговаравме околу четири или пет минути и ми порача дека одлучиле Флик да ги води наредните два меча, со оглед на тоа што играат со Дортмунд веќе утре. Ме запраша дали сум заинтересиран за позицијата, бидејќи се во потрага по тренер. Му реков дека во овој момент немам конкретно мислење, потребно ми е време да размислам за тоа. Одлучивме дека ќе седнеме да зборуваме наредната недела, бидејќи јас сум во Доха до недела навечер. Ова е вистинската приказна, – порачува Венгер.

Facebook Коментари