Венгер со невообичаено објаснување за фактот што Озил и Санчез досега не потпишаа нови договори

venger-race-dzeb

Навивачите на Арсенал се незадоволни поради фактот што клубот дозволи Месут Озил и Алексис Санчез да ја играат последната сезона од потпишаните договори, што ги прави и подостапни за останатите клубови, па и ривалите од Премиер лигата.

Но, менаџерот Арсен Венгер има објаснување и за оваа ситуација, иако тоа веројатно нема да биде добро прифатено од фановите. Французинот е убеден дека неговите фудбалери се погладни за успеси кога немаат долги договори пред себе.

– Кога го избирате тимот за натпревар, не проверувате кој каков договор има. Обично, колку е пократок договорот, толку фудбалерот е „погладен“ на теренот. Индексот на глад опаѓа со должината на договорот, – изјавил денеска менаџерот на Арсенал.

Facebook Коментари