Поврзете се со нас

Свет

Венгер: Не сме свесни каков играч имаме во Франција, истата грешка ја направивме со Платини, Зидан и Анри

Објавено

на

Арсен Венгер веќе извесно време е дел од ФИФА и вложува максимални напори за подобрување и усовршување на фудбалската игра, а една од темите кои се најкоментирани во светската фудбалската организација во последно време е онаа поврзана за дуелите со глава на тренинзите.

Со цел да се избегнат тешки повреди кои се животозагрозувачки кон еден играч, целта на ФИФА е да се забрани играње со глава на тренинзите во фудбалската елита, нешто за што Венгер говореше во ексклузивното интервју за „Ле Паризен“, во кое сепак нагласи дека треба да се допрецизираат уште многу детали кога е овој новитет во прашање.

Легендарниот француски стручњак потенцира дека во ФИФА се разгледуваат многу елементи кои можат да го подобрат, поедностават и да го забрзаат фудбалот, но во ситуација кога беше резервиран за откривање на некои свои идеи, привлече големо внимание со изјавата која ја даде за својот сензационален сонародник, Килијан Мбапе.

– Килијан ќе биде еден од најдобрите во светот, а многу веројатно и најдобар во светот. Кога ќе биде комплетно зрел, неговата ефикасност пред голот ќе биде уште подобра и поубиствена. Тој нема лимит, без оглед дали ќе остане во Париз, ќе оди во Мадрид, или на друго место. Килијан не смее да си поставува граници и цели.

– Уште пред неколку години порачав дека има сличности меѓу него и Пеле. Пеле е добар пример, освои три светски првенства, а играше на четири. Килијан играше еден мундијал и веќе има една титула, а има само 22 години. Мбапе има добро опкружување, има стабилност и ние во Франција одново не сме свесни каков играч имаме. Не сме свесни што значи Килијан Мбапе. Секогаш го правиме истото, истата грешка, сфаќаме каков играч сме имале отпосле. Таков беше случајот со Платини, така беше и со Зидан и Анри. Најдобрите спортисти, секогаш се многу подобри кога се пензионираат. За жал така е со нас луѓето, добиваме повеќе љубов и повеќе сме сакани откако ќе починеме, отколку кога сме живи, – порача Венгер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни