Поврзете се со нас

Англија

Венгер не крие: Ми беше драго кога Ливерпул изгуби

Објавено

на

Ливерпул е на добар пат да ја освои Премиер лигата, но тоа нема да го направи без загубен меч во сезоната што значи Арсенал останува единствената екипа со таков учинок и тоа во натпреварувачката 2003/2004.

Токму овој резултат на „топчиите“ можеше да биде израмнет од страна на Ливерпул кој 27 кола држеше темпо и немаше ниту еден пораз за да на гостувањето кај Вотфорд кој се бори за опстанок доживее дебакл од 3-0.

На Венгер му е драго што „црвените“ попуштија и што неговата генерација и понатаму ќе го држи тој никатен рекорд за освојување на пехарот во елитната англиска конкуренција.

-Да, беше многу задоволувачки кога видов дека Ливерпул изгуби. Секогаш сакате да бидете единствениот што нешто ќе направи. Ливерпул навистина можеше да успее.

-Ама ова само покажува колку е тешко да се повтори тој подвиг. Барем тој ден добив многу пораки од приврзаниците на Арсенал, -истакна Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни